Sunday, May 19, 2013

Инспиративни цитати


Постојат бројни извори на инспирација кои ни даваат мотивација да продолжиме во остварување на животните цели. Оние кои остануваат запомнети се вредни да се споделат и понатаму.
  • Секој човек се врти кон сопствената смрт, носејќи во рацете само она што им го дал на другите – Персиска изрека
  • Целокупниот напредок на човештвото се случува само затоа што одредени луѓе се одлучиле да бидат поинакви – Хери Милнер
  • Морате да ги правите само оние работи кои просечните луѓе не ги разбираат, затоа што единствено тоа се добри работи – Енди Ворхол
  • Оној кој ја препушта душата на лутањето на сетилата, наскоро ќе го види својот ум фрлен како брод однесен од ветрот на површината – Бхагавад Гита
  • Надежта дефинитивно не е исто што и оптимизмот. Тоа не е уверување дека нешто ќе испадне добро, туку наша потполна убеденост дека нешто има смисла, без оглед на тоа како испаднало на крај – Вацлав Хавел
  • Никогаш не е доцна да бидеш она што си можел да бидеш – Џорџ Елиот
  • Понекогаш мислиме дека сиромаштија е само да се биде гладен, гол и без покрив над главата. Но, да се биде непосакуван, без волја и да немате никој кој се грижи за вас – тоа е најголемата сиромаштија. За да се излечите од истата, мора да започнете од сопствените домови – Мајка Тереза
  • Судбината е за губитници. Тоа е само глупав изговор да чекаш работите да се случат сами по себе, наместо самиот да ги создаваш – Блер Волдорф

15 кинески мисли и мудрости


1. Ако си трпелив во моментот на лутина, ќе избегнеш сто денови тага.
2. И убавите цветови, убави се само некое време.
3. Еден разговор со мудар човек вреди повеќе од месеци учење од книга.
15-kineski-misli-i-mudrosti
4. Кога веќе еднаш ќе ги изговорите, ниту најбрзиот коњ не може да ги стигне вашите зборови.
5. Кој ја бара вистината, мора да знае и како да ја поднесе.
6. Мудриот човек сам донесува одлуки, будалата го прифаќа јавното мислење.
7. Неколку чаши вино се причина за голем број важни зделки.
8. Животот е само мост. Немој да градиш куќа на мостот.
9. Во моментите на успех, не ги заборавај своите неуспеси.
10. Подобро запалете светло отколку да ја проколнувате темнината.
11. Кога богатиот ќе стане сиромашен, тој станува учител.
12. Кој има пари, има и пријатели.
13. Парите често ги отстрануваат неприликите, но често и ги создаваат.
14. Трпеливо издржи мала загуба и ќе бидеш поштеден од поголема.
15. Учителот ви ги отвора вратите, но вие морате да учите сами.

Мудри мисли за пријателството


Пријател е оној кој е тука за вас, иако повеќе би сакал да биде на друго место. 
Пријателството го дуплира задоволството, а ја дели тагата. 
Да најдеш верен пријател, е исто како да си пронашол богатство.
Сметајте ја староста преку бројот на пријателите, а не преку годините.
Вистински пријател е некој кој е тука за вас, кога никој друг веќе не е.
mudri-misli-za-prijatelstvoto
Пријателите се како снегулки - секој од нив е посебен.
Пријателите треба да се стекнат, пред да ви бидат потребни.
Добри пријатели тешко се наоѓаат, уште потешко е да се изгубат и невозможно да се заборават.
Пријатели доаѓаат и си одат, но оние вистинските секогаш се тука.
Пријателството не е голема работа, туку милион мали.
Пријатели се оние ретки луѓе кои те прашуваат како си, а потоа чекаат на одговор.
Јазикот на пријателството не е составен од зборови, туку од разбирање.

20 цитати на вечниот Иво Андриќ


Иво Андриќ (9 октомври 1892 – 13 март 1975) е бивш југословенски новелист, писател и добитник на Нобелова награда за литература во 1961 година.
20-citati-na-vecniot-ivo-andric-1
Познат е по безвременските мудрости врзани за животот кои ги цитираат генерации после неговата смрт и кои ќе ја задржат својата вредност засекогаш.
„Болестите се судбина на сиромашните и казна на богатите.“
„Најдобро ќе запознаете некого, ако го набљудувате како се однесува кога се дели нешто бесплатно.“
„Оној кој не знае да сака, не е ни способен да ја почувствува големината на туѓата љубов, ни силата на љубомората, ни опасноста која се крие во неа.“
„Чудно е колку малку ни е потребно да бидеме среќни и уште почудно е како баш тоа малку ни недостасува.“
„Убавата душа подлабоко липа.“
„Љубовта, ако е искрена и длабока – лесно простува и заборава.“
„Мирот и спокојот, се единственото богатство и најголемо достоинство за скромните и без временски луѓе.“
„Младоста е среќна доба во која човекот почнува да верува во себе, а се уште не престанал да верува во другите.“
„Многумина го постигнуваат она што го сакаат, а при тоа се губат себе.“
„Можеби на почетокот имало други мотиви, но денес царува стравот. Од страв се луѓето зли, сурови и подли; од страв се дарежливи и добри.“
„Ништо повеќе не ги зближува луѓето, од среќно преживеана несреќа.“
„Од своето потекло и детство не може лесно да се побегне.“
„Секој вистински живот е убав и тежок.“
„Во земјата на омразата најмногу е омразен оној кој не знае да мрази.“
„Заразна е и разорна моќта на лагата.“
„Животот ни го враќа она што им го даваме на другите.“