Постојат бројни извори на инспирација кои ни даваат мотивација да продолжиме во остварување на животните цели. Оние кои остануваат запомнети се вредни да се споделат и понатаму.
- Секој човек се врти кон сопствената смрт, носејќи во рацете само она што им го дал на другите – Персиска изрека
- Целокупниот напредок на човештвото се случува само затоа што одредени луѓе се одлучиле да бидат поинакви – Хери Милнер
- Морате да ги правите само оние работи кои просечните луѓе не ги разбираат, затоа што единствено тоа се добри работи – Енди Ворхол
- Оној кој ја препушта душата на лутањето на сетилата, наскоро ќе го види својот ум фрлен како брод однесен од ветрот на површината – Бхагавад Гита
- Надежта дефинитивно не е исто што и оптимизмот. Тоа не е уверување дека нешто ќе испадне добро, туку наша потполна убеденост дека нешто има смисла, без оглед на тоа како испаднало на крај – Вацлав Хавел
- Никогаш не е доцна да бидеш она што си можел да бидеш – Џорџ Елиот
- Понекогаш мислиме дека сиромаштија е само да се биде гладен, гол и без покрив над главата. Но, да се биде непосакуван, без волја и да немате никој кој се грижи за вас – тоа е најголемата сиромаштија. За да се излечите од истата, мора да започнете од сопствените домови – Мајка Тереза
- Судбината е за губитници. Тоа е само глупав изговор да чекаш работите да се случат сами по себе, наместо самиот да ги создаваш – Блер Волдорф


